Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ

Од:

Најостро ја осудуваме денешната прес-конференција на СДСМ и изнесените невистини и манипулативни наводи, кои се во целосна спротивност со јавните заложби на оваа партија за привлекување нови инвестиции и унапредување на регионалната соработка. Зачудувачки е што токму СДСМ, партија која претендира да биде сериозен политички фактор, си дозволува да пласира неосновани и неточни информации за субјект од банкарскиот сектор, со што внесува несигурност во банкарскиот систем, а со тоа директно ја доведува во прашање сопствената политичка одговорност и кредибилитет, се вели во реакцијата на Стопанска нбанка АД Битола.

– Зачудувачки е тоа што СДСМ ги изнесува истите ставови кои во изминатиот период ги застапуваше нивниот долгогодишен политички партнер ДУИ.

АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на АЛТА групацијата и една од најиновативните финансиски институции во Србија. Таа е значаен финансиски актер која покрај инвестицијата во Македонија, бележи и неколку веќе реализирани инвестиции во регионот.

АЛТА банка во континуитет има исклучителни деловни резултати и силен раст, а во 2024 година доби награда за најбрзо растечка и најиновативна банка во Република Србија. Стопанска банка АД Битола е горда што добива сериозен и стабилен стратешки партнер, што претставува позитивен чекор за банкарскиот сектор и за економијата во целина. Доколку СДСМ јавно не се извини за изнесените невистини и дезинформации, ќе бидат преземени сите соодветни правни и институционални чекори за заштита на угледот и интегритетот на банката, се вели во демантот.

Би можело да ве интересира

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземањето на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски