Развој на рибниот како алтернативен туризам во Охрид

Од:

Рекреативните и спортските риболовци од Охрид одржаа работна средба со кандидатот за градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески, на која го запознаа со проблемите со кои тие се соочуваат и ги слушнаа неговите видувања околу можните решенија, насочени кон омасовување на рекреативниот риболов, постигање врвни резултати на спортски план, заштита на рибниот фонд и развивање на рибниот туризам, како дел од алтернативниот туризам.

– Охридското Езеро како голем хидропотенцијал заедно со сливот е идеален за развој на рибарството и има посебно место во програмата на д-р Бакрачевски, кој нагласи дека неговите корени потекнуваат од рибарска фамилија и дека со поголем дел од проблемите во рибарството е запознаен. Ќе помогне и со иницијативи кои се под надлежност на локалната самоуправа, а за оние за кои е надлежна централната власт ќе се заложи за посредување за да се надминат сите проблеми и нејаснотии од областа на рибарството. При тоа, тој понуди и некои директни решенија, кои со заедничка соработка и подобра комуникација ќе значат решавање на проблемите, велат од Здружението нa спорстки риболовци „Св. Апостол Петар“.

Како рекреативни и спортски риболовци од Охрид, тие  се задоволни што прв пат рибарството е составен дел од изборната програма на еден кандидат за градоначалник, за која се подготвени да ја поддржат.

– Риболовот и рибарските манифестации во иднина може уште повеќе да напредуват и да станат охридски бренд и директно да придонесат за развој на туризмот, а Охрид постепено од локална да прерасне во балканска и европска позната риболовна дестинација, сметаат од Здружението.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид