Економиите на развиените земји ослабнаа во последниот квартал од 2012 година, по бавниот раст низ текот на целата година, покажаа денешните податоци на Органзиацијата за економнска соработка и рзвој (ОЕЦД).
На ниво на целата 2012 година економиите на земјите членки на ОЕЦД напредувале за 1,3 отсто во однос на нивото од годината пред неа, кога економскиот раст изнесувал 1,9 отсто, пренесоа француските медиуми.
Во последниот квартал од 2012 година економијата на ОЕЦД забележиле негативен раст од 0,2 отсто, по растот од 0,3 отсто од третиот квартал. Овие земји, на годишно ниво, во истиот период евидентирале економски раст од 0,7 отсто, многу побавен во однос на 1,2 отсто од третото тримесечје.
Економијата на САД во четвртиот квартал имала нула економски раст, откако во третиот квартал напредувала за 0,8 отсто. ЕУ, истовремено, забележила пад на бруто домашниот производ од 0,5 отсто, а Германија 0,6 отсто, што е првиот пад на БДП во оваа земја од почетокот на 2009 година.
Економиите на Велика Британија и на Франција опаднале за 0,3 отсто во однос на растот од 0,9 отсто во Велика британија и еден отсто во Франција во третото тримесечје.