Собранието попладнево на продолжение на 22. седница ги разреши од должноста членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Андреј Тасев, Мерита Дема.
Мерита Дема е разрешена со 64 гласа за и 5 против, додека Андреј Тасев со 64 гласа за, нема против.
Разрешувањето е на предлог на Владата и како што се наведува во образложението, за четворицата членови има формално-правни недостатоци во делот на исполнување на условите за нивно именување.
Според образложението, Тасев и Мерита не го исполнуваат условот од член 17, став 3, од Законот за енергетика, односно во последните 15 години пред именувањето немаат најмалку 10 години работно искуство во енергетиката.