Раст на производството на нафта во Русија

Од:

Руското производство на нафта оваа година порасна за 0,6 отсто на 526,6 милиони тони, додека во исто време, експлоатацијата на природен гас се намали за четири проценти на 641 милијарди кубни метри, соопшти денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Како што јави ТАСС, Новак информира дека рускиот извоз на двата енергенси годинава се намалил и тоа за 4,3 отсто на нафтата на 229 милиони тони и на гасот за 6,7 проценти на 183,3 милијарди метри кубни.

Според Новак, само на рускиот Далечен Исток и во источниот дел на Сибир производството на нафта е зголемено за 15 проценти, односно за 3,5 милиони тони на 23,5 милиони тони.

Инвестициите во руската нафтена индустрија годинава пораснале за 11,5 отсто во однос на лани, на 290 милијарди рубљи (5,3 милијарди долари)

Новак најави дека Москва предвидува производството на нафата во 2015 година да остане на овогодишното ниво од околу 525 милиони тони.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол