Раст на цените на нафтата на светските берзи

Од:

Цените на нафтата на светските берзи денеска забелажаа пораст за околу половина долар, како резултат на објавените податоци за позитивни глобални резултати во преработувачкиот сектор.

Барел американска „лесна“ нафта за испорака во јануари на електронските тргувања на Њујоршката берза претпладнево се продава за 58,3 долари, што претставува раст за 49 центи во однос на петокот.

Во исто време, цената на северноморскиот „брент“ за јануарска испорака на Берзата во Лондон се зголеми на 68 центи на 62,53 долари за барел.

Аналитичарот на сингапурската компанија „Филип Фјучерс“, Даниел Анг наведува дека позитивните податоци за сосотјбата во преработувачкиот сектор, би можеле да спречат нов пад на цената на нафтата во текот на оваа седмица.

– Голем дел од нафтата се употребува во индустријата, па позитивните податоци за овој сектор можат да бидат добар показатал за побарувачката на нафтата, вели Анг.

Сепак, и покрај денешниот раст, цените на нафатата и натаму се близу петгодишниот минимум, имајќи предвид дека од јуни, кога се движеа меѓу 106 и 115 долари за барел, па досега, вредноста на енергенсот се намали за над 50 проценти.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот