Раст на цените на горивата во Грција

Од:

Цените на горивата во Грција тргнаа нагоре, а најголемо е зголемувањето на цената на безоловниот бензин, кој во последните три дена е поскапен за 3 евроценти, пишува весникот „Нафтемборики“.

Просечната цена за литар безоловен бензин во Грција изнесува 1,737 евра.

Растот на цените на горивата принуди голем број трговци да го ограничат профитот со цел да не ги зголемуваат цените.

Поради високите даноци Грција останува една од најскапите земји во Европа во однос на цените на горивата. Според податоците на Европската комисија кон крајот на јануари земјата била на трето место по висината на цените, додека просечната цена на бензинот била 1,710 евра за литар.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Поевтинуваат горивата

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Поевтинуваат дизел горивата и мазутот