Раст на цената на нафтата на светските берзи

Од:

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа раст, во просек за над половина долар, што според експертите, укажува на стабилизација на глобалните пазари по големиот пад на вредноста на акциите на Њујоршката бреза во средата.

Вредноста на американската „лесна“ нафта денеска во електрноските трансакции пред отворањето на Њујоршката берза се зголеми за 75 центи на 49,72 долари за барел.

На Лондонската берза пак цената на северноморскиот „брент“ за испорака во јули порасна за 65 центи на 52,85 долари за барел.

Во ито време, просечната цена на нафтата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска поскапе за 44 центи достигнувајќи вредност од 49,87 долари за барел.

Во определувањето на вредноста на нафтата на ОПЕК учествуваат цените на енергенсот во Алжир, Ангола, Венецуела, Еквадор, Хабон, Иран, Ирак, Катар, Кувајт, Либија, Нигерија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол