Раст на цената на нафтата на светските берзи

Од:

Цените на нафтата на светските берзи се зголемија денеска, како резултат на големиот раст на вредноста на акциите во Јапонија, но и на лошите податоци за вработувањето во САД, наведуваат аналитичарите.

Нафтата на Њујоршката берза поскапе за 21 цент и достигна цена од 92,91 долар за барел. Европската марка „брент“, која се користи за одредување на цените на различни видови странска нафта, поскапе за 45 центи на 104,57 долари за барел.

Поскапувањето на нафтата успеди по растот на вредноста на индексот на берзата во Токио за 2,80 отсто, паралелно со натамошно слабеење на јенот во однос на конкурентските валути.

Американскиот пазар на труд минатиот месец беше многу послаб од очекуваното, односно во САД се отворени само 88.000 работни места, покажуваат минатонеделните податоци на американското Министерство за труд.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот