Раст на бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работници во индустријата, според објaвените статистички податоци, бележи пораст. Во јуни годинава во однос на јуни лани бројот на работници во индустријата бележи раст од 0,5 проценти, а во првите шест месеци од годинава во споредба со шесте месеци од минатата година има пораст од 0,6 проценти.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст од 8,4 проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,1 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9 отсто и Капитални производи за 6 проценти.

Би можело да ве интересира

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи