Рахој: Мадрид го поддржува создавањето заеднички буџет и министер за финансии на еврозоната

Од:

За време на средбата на врвот меѓу Франција, Германија , Италија и Шпанија, закажана за 28 август, официјален Мадрид ќе го поддржи создавањето заеднички буџет и министер за финансии на еврозоната, пренесоа француските медиуми.

-Ние ќе продолжиме да работиме на продлабочување на економската и монетарна унија, забележа денеска шпанскиот премиер Мариано Рахој по својата средба со шпанскиот крал Фелипе.

„Шпанија ја поддржува идејата за европски министер за финансии и за европски буџет, што постепено ќе го изедначи стандардот на живеење и богатството на сите европски држави“, подвлече шпанскиот премиер, кој ќе присуствува на средбата на врвот во Париз, организирана од францускиот претседател Емануел Макрон.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите