Путин: Војна меѓу Русија и ЕУ околу „Газпром” нема

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин  негира дека има трговска војна меѓу Русија и Европската унија поради истрагата на Европската комисија за работењето на руската државна енергетска компанија „Газпром”.

Европската комисија ја започна истрагата поради сомнеж дека Газпром, кој е во 50% сопственост на руската држава, спречува слободен проток на гас низ земјите на ЕУ и дека наметнува несоодветни цени на своите купувачи, поврзувајќи ја цената на гасот со цената на нафтата.

Од„ Газпром“, кој годишно заработува околу 99 милијарди американски долари од продажба на гасот  низ европските земји, тврдат дека компанијата се придржува кон сите закони при работата во ЕУ и на останатите пазари и дека се подготвени за борба, со оглед на стратешката важност на оваа индустрија за Русија.

„Иако мислеме дека овој потег не е конструктивен и жалиме поради него, нема трговска војна меѓу Русија и Европската унија”, изјави рускиот претседател Владимир Путин .

Во Русија претпоставуваат дека доколку Европската комисија најде вина на „Газпром”, би можела да одреди казна во висина од околу 10 милијарди евра.

Рускиот енергетски гигант Газпром нема да ја прекине испораката на природен гас како одмазда за отворањето на истрагата во Европската унија .

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација