ФОТО: Првата група туристи од Холандија допатува во Охрид

Од:

На охридскиот аердорм “Свети Апостол Павле” вчера слета првиот чартер авион со првата група  холандски туристи,кои ќе бидат сместени  во хотелите на охридскиот брег.Дочекани беа на традиционален македонски обичај со погача,сол вино торта.

На пречекот на првите холандски туристи беа градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески,на Струга Зијадин Села и амбасадрката на Холандија акредититана во Скопје  Маријет Схурман.

[slideshow id=176]

Веднаш по слетувањето на охридскиот аеродром холандските  туристи не го криеја своето воодушевување што одморот ќе го поминат на охридскиот брег,крај Охриското езеро.

„Никогаш не сум бил овде ова е прв пат. Има многу цркви, прекрасно езеро”, вели еден Холанѓанец.

„Природата е прекрасна има планини, луѓето се љубезни, читавме за тоа” , нагласи гостинка од Холандија.

„Јас прочитав во весници и реков ајде да одиме. Овде не е многу скапо, “порача  друг Холанѓанец.

Топло добредојде на гостите  им посакаа  градоначалниците на Охрид и Струга  и Амбасадорот на Кралството Холандија.

„Охрид има многу богата понуда. Почнувајки од културно историско и природно наследство до традиционалната храна. Холанѓаните се наши ценети драги гости. И многу ми е драго што повторно не избраа како туристичка дестинација”, кажа Никола Бакрачески градоначалник на општина Охрид.

„Струга е градот пред вас , тој е убав град со езеро,  река и планини, посетете го и уживајте,  рече Зијадин Села градоначалник на Струга.

Со субвенциите на владата лани на брегот на Охридското езеро летуваа  околу 28.000 туристи од земјите на Бенелукс.

„Мислам дека ќе имаме двоцифрен раст така што ќе ја преминеме границата од 400 000 туристи во Македонија. Лани имавме негде околу 367 000 туристи од странство а ппанираме да оствариме  над 400 000 гости оваа година”, истакна Јордан Трајков директор на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на РМ.

За хотелиерите и туристичките работници враќањето на Холанѓаните е остварување на  долгогодишниот сон на Охрид. Оваа сезона  предвидено е  да допатуваат над  30.000  гости од Холандија.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on