Просечната плата во ноември 21.558 денари

Од:

Просечната исплатена нето плата по работник во ноември 2014 година изнесувала 21.588 денари и бележи зголемување од 2,5 проценти во однос на ноември 2013 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Стручни, научни и технички дејности за 8,5 отсто, Рударство и вадење на камен за 7,6 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,4 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење камен за11,2 проценти, Градежништво за 4,4 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто-плата по вработен, во ноември 2014 година изнесувала 31. 644 денари и бележи зголемување од 2,4 отсто во однос на ноември 2013 година.

Во ноември 2014 година, 1,1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ