Просечната плата во мај 22.071 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015, изнесува 22.071 денари и претставува зголемување за 2,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика зголемувањето е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за15,8 отсто, Други услужни дејности за 7,5 отсто и Дејности на здравствена и социјална заштита за 5 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 6,1 отсто, Уметност, забава и рекреација за 5,4 отсто и Информации и комуникации за 5,0 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2015 изнесува 32 393 денари.

Во мај 2015 година, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не добиле плата.

Би можело да ве интересира

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15