Просечната плата во мај 21.288 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето плата по работник во мај годинава изнесува 21.288 и бележи зголемување од 2 отсто во однос на мај лани.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, зголемувањето е резултат на порастот на исплатените нето плати во Рударство и вадење камен за 8,1 отсто, Транспорт и складирање за 6,9 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација  со за 6,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење камен за 7,4 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација сп 7,1 отсто и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 6,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е 31.247 денари.

Во мај 2013 година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата