Просечната плата во февруари 27.948 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари и е за 2,7 отсто повисока од истиот месел лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации -10.1 отсто, Други услужни дејности – 8.2 отсто и Рударство и вадење на камен – 7.5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен – 9.0 отсто, Уметност, забава и рекреација – 6.4 отсто и Дејности на здравствена и социјална заштита 4.1 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во февруари 2021 година изнесувала 41.704 денари.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ