Просечната плата во февруари 20.910 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесува 20.910 денари која во однос на февруари лани бележи зголемување од 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сé, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Градежништвото за 10,6 отсто, Информации и комуникации за 7,7 отсто и Транспорт и складирање за 7 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во Рударството и вадење камен за 15 проценти, Градежништвото за 5 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,6 отсто.

Во февруари просечната бруто плата изнесува 30.644 денари и е 1,3 проценти повисока од февруари минатата година.

Во февруари 2013 година, 2,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Наставниците следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата

Горан Наумовски

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on