Просечната плата во БиХ во март изнесувала 418,75 евра

Од:

Просечната исплата плата во БиХ за март годинава изнесувала 819 конвертибилни марки (418,75 евра) и номинално е пониска за 0,5 отсто во однос на истиот месец од 2012 година, а за 1,5 проценти во однос на декември минатата година.

Најниската просечна нето плата од 525 конвертибилни марки (268 евра) е регистрирана во областа на хотелиерството и угостителството, а највисоката во финансискиот сектор и осигурувањето 1.337 конвертибилни марки (683,6 евра).

Просечната месечна бруто плата во БиХ во март била 1.278 конвертибилни марки (653,4 евра), што покажува номинален пад за 1,6 отсто во однос на декември 2012 година, а во однос на истиот месец од минатата година, номинално е пониска за 0,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он