Просечната плата во август 22.294 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 22.294 денари, и во однос на август лани е зголемена за 1,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво, за 10,1 процент, административни и помошни услужни дејности, за 6,6 проценти и преработувачка индустрија за 4,3 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  регистрирано во секторите: информации и комуникации за три проценти, преработувачка индустрија  за 2,2 проценти и трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли  за 0,9 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август годинава изнесувала 32.789 денари, а 1,2 процента од вработените во  Македонија не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ