Просечната нето-плата во мај 21.483 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-платата по вработен, во мај 2014 година изнесува 21.483 денари и е за 0,9 отсто повисока во однос на истиот месец од претходната година, додека износот на бруто-платата е 31.429 денари и е повисок за 0,6 отсто од лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10,9%), Градежништво (8,2%) и Административни и помошни услужни дејности (6,4%), како и на повисоката бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9,1%), Градежништво (7,6%) и Административни и помошни услужни дејности (4,9%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (25,3%), Информации и комуникации (5,1%) и Стручни, научни и технички дејности (4,5%). Кај бруто-платата зголемување има во секторите: Рударство и вадење на камен (26,2%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,2%) и Информации и комуникации (3,5%).

Во мај годинава, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ