Просечната нето плата во јули изнесувала 22.671 денар

Од:

Просечната месечно исплатена нето-плата во јули изнесувала 22.671 денар што претставува зголемување за 1,5 проценти во однос на истиот месец лани.

Државниот завод за статистика денеска објави дека зголемувањето се должи, пред сé на покачувањето на просечната месечно исплатена нето-плата во секторите Стручни, научни и технички дејности, Рударство и вадење на камен и Информации и комуникации.

Во однос на јуни годинава, просечната месечна исплатена нето-плата е намалена во секторите Уметност, забава и рекреација, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Просечната бруто-плата во јули изнесувала 33. 328 денари.

Во јули 1,3 проценти од вработените не зеле плата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Наставниците следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата

Горан Наумовски

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on