Просечната нето-плата во јануари 22.254 денари

Од:

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 22.254 денари и е повисока за 2 отсто во споредба со истиот месец лани, додека просечната исплатена бруто плата е 32.642 денари, односно повисока за 1,8 отсто. Во јануари годинава 1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, порастот на исплатената нето-плата се должи, пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (14,5 отсто), Административни и помошни услужни дејности (9,7) и Градежништво (8,7 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (15,6 проценти), Информации и комуникации (12,8) и Преработувачка индустрија (7,2 процента).

Зголемувањето кај просечната бруто-плата, пак,  се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (13,7 отсто), Административни и помошни услужни дејности (9,5) и Градежништво (9,2 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (13,4 проценти), Информации и комуникации (11,3) и Преработувачка индустрија (7,4 проценти).

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ