Просечната нето плата во февруари 21.104 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 21.104 денари и бележи зголемување од 0,8 отсто во однос на претходниот месец.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Други услужни дејности за 8,6 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 5 отсто и Образование за 4 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење на камен за 8,8отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 8,3 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната бруто плата по вработен во феврујари 2015 година изнесува 31.126 денари и е за 1,5 отсто повисока од претходниот месец.

Во февруари 2015 година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15