Пронајдена е четврта дупка oд која протекува гас на „Северниот тек“

Од:

Шведската крајбрежна стража открила четврто истекување гас на гасоводот Северен тек.

Крајбрежната стража соопшти дека го лоцирала истекувањето откако два цевководи што воделе од Русија до Германија биле оштетени на вкупно три места во понеделникот, објави шведскиот весник „Свенска дагбладет“.

„Две од овие четири штети се во ексклузивната економска зона на Шведска“, изјави за весникот портпаролката на крајбрежната стража Џени Ларсон. Останатите две штети се наоѓаат во данската ексклузивна економска зона.

Извор од британските одбранбени сили изјави за Sky News дека истекувањето на гасоводот во Балтичкото Море е поврзано со употребата на далечински активирани подводни експлозивни направи.

Тој додаде дека мините можеле да бидат спуштени до морското дно на долго јаже, фрлени од страна на брод или поставени до гасовод со подводен дрон пред неколку месеци или дури години.

Кога беше откриено првото истекување на гас, веќе три дена гас истекуваше во Балтичкото Море. Шведскиот национален сеизмолошки центар претходно соопшти дека станиците забележале „силни подморски експлозии“ во областа каде што се случи истекување на гас.

„Нема сомнеж дека станува збор за експлозии“, рече Бјорн Лунд, сеизмолог од Универзитетот во Упсала, кој е дел од националната сеизмичка мрежа на Шведска.

Би можело да ве интересира

Данците ги потврдија зборовите на Путин: Пронајден е мистериозен „предмет“

Германците го пребараa бродот со кој бил транспортиран експлозивот до Северен поток

Захарова: НАТО треба да свика итен состанок за експлозиите на Северен тек

ЕК: Протекувањето на гасот во „Северен тек“ е чин на саботажа

Ана Ололовска

САД изразија подготвеност да и помогнат на ЕУ во истрагата за истекувањето на гасоводите „Северен поток“

Ана Ололовска

Блинкен: Протекувањето од гасоводите не влијае врз снабдувањето

Ана Ололовска