Промовирана пластична банкнота од 10 фунти со ликот на Џејн Остин

Од:

Банката на Англија денеска ја промовираше првата пластична банкнота од десет фунти, на која се наоѓа ликот на писателката Џејн Остин.

Оваа банкнота официјално ќе биде пуштена во оптег на 14 септември.

Банкнотата со ликот на Џејн Остин следи откако лани беше промовирана и нова банкнота од пет фунти изработена од полимер, за кој британската централна банка тврди дека е подолготрајна и потешка за фалсификување. Пуштањето во оптек на пластична банкнота од 20 функти е планирано за 2020 година.

Новата банкнота од 10 фунти беше промовирана на денот кога се одбележуваат 200 годии од смртта на Џејн Остин. Таа е погребана во Винчестерската катедрала во 1817 година. Нејзини најпознати дела се „Гордост и предрасуди“ и „Ема“.

– Нејзините романи имаат универзална форма и денес се еднакво прифатени и значајни како и во времето на објавувањето, изјави гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни на церемонијата во Винчестер.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон