Во организација на Асоцијацијата на туристички водичи и швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост денеска ќе се одржи промоција на првиот дигитален регистар на квалификувани туристички водичи во Македонија.
За првиот дигитален регистар на квалификувани туристички водичи ќе говори Елена Иванова, менаџер на секторот туризам во Програмата за зголемување на пазарната вработливост и Бранко Босилков, претседател на Асоцијацијата на туристички водичи на Македонија.