Промоција на Кластерот за туризам на тиквешкиот регион

Од:

Приватниот сектор од Тиквешкиот регион со поддршка на Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО), денеска и официјално ќе го промовира Кластерот за туризам.

Кластерот се формира со цел развој на локалниот туризам зашто, според статистиките, Тиквешкиот регион е недоволно искористен. Го посетиле само 2,4 отсто од вкупниот број туристи кои биле во Македонија.

Промоцијата ќе се одржи во винаријата Стоби, а ќе присуствуваат градоначалниците на Кавадарци, Неготино и Демир Капија, словенечкиот амбасадор и словенечкиот министер за технологија и економски развој, претставници од винариите Тиквеш, Стоби и Попова Кула, како и претставници од Министерството за eкономија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ