Промоција на џебниот туристички водич за Скопје, Охрид и Битола

Од:

Првиот број на најпознатиот европски туристички водич „In your pocket“ за Скопје, Охрид и Битола  ќе биде промовиран денеска.

Водичот во јуни годинава беше испечатен во 20.000 примероци и се дистрибуираше на повеќе локации низ градовите.

Освен во печатена форма, „In your pocket“ може да се користи и како телефонска апликација, но и на интернет, преку веб страницата  https://www.inyourpocket.com/skopje

„In your pocket“ е меѓународен бренд на водичи и мапи за странски туристи во 22 држави и преку 250 града. Им служи на туристите за откривање на убавините на земјата и за максимално користење на угостителските и други капацитети кои се на располагање.

На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и од Министерството за економија.

Вториот број  „In your pocket“ се очекува до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ