Промени во бордот на Русал со цел да се избегнат американските санкции

Од:

Рускиот алуминиумски гигант Русал најави промени во својот борд на директори, со цел да ги убеди САД да се откажат од планот за воведување санкции.

Компанијата најавува дека милијардерот Олег Дерипаска, кој е цел на американските санкции, ќе внимава неговиот удел во компанијата да остане под 48 проценти, за да не може САД да го обвинат дека има контрола врз компанијата.

Вашингтон најави санкции против Русал поради вмешаноста на Дерипаска во, според САД, неприфатливи активности низ светот. Но, санкциите имаат одложено дејство и ќе стапат на сила наесен, доколку Русал не го намали влијанието на Дерипаска врз компанијата.

Би можело да ве интересира

Мерц: Европа ја „напаѓа Москва“

За Кремљ избори во Романија се многу „чудни“

Захарова: Украина да одлучи дали ќе ги продолжи преговорите

Москва: Ѓаволот е во деталите

Калас: Усвоен е 17-тиот пакет санкции против Русија, нашиот одговор ќе биде уште построг

Горан Наумовски

Писториус: Путин не е заинтересиран за мир, поставува свои услови и само сака да купи време