Производителите на јаболка на средба со претставници од МЗШВ

Од:

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, во Скопје ќе имаат работен состанок со производителите на јаболка од преспанскиот регион, на кој што ќе присуствуваат откупувачи и претставници од преработувачката индустрија.

Како што соопштија од Министерството за земјоделство, на состанокот е предвидено да се разговара за моменталната состојба со откупот на конзумно и индустриско јаболко, мерките кои ги презема Владата за овој сектор, но и за предлозите од страна на овоштарите.

Инаку, се потсетува дека според последните податоци со помош на интервентната субвенција од 3 денари за килограм предадено индустриско јаболко, што се донесе со Прoграмата за 2018-та година, досега се откупени околу 50.000 тони индустриско јаболка. МЗШВ и во новата Програма за директни плаќања по консултациите со овоштарите направи промени за развој на оваа гранка, со цел од една страна да им се овозможи на производителите на јаболка рентабилно производство, а друга страна да се обезбеди квалитетно и конкуретно производство.

-Една од крупните промени е во делот на овоштарството, вклучително и за јаболката, за прв пат се врши прилагодување кон насоките на Европката унија и од Светска банка, а тоа значи трансформирање на мерката за дополнителна поддршка што постоеше во претходните програми, во субвенцијата по хектар. Трансформирањето на субвенцијата за килограм предадено јаболко е направено врз основа на длабински анализи и пресметки, и истата е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка. Односно оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал, поточно за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. Дополнително сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар, наведуваат од Министерството.

Преку новата Програма за рурален развој, односно преку мерката за предфинансирање на проекти за преработувачки капацитети, се наведува, ќе се создаде можност за обезбедување сигурен пласман на земјоделските производи вклучително и за јаболката и за решавање на вишокот на производи.

Со цел да им се помогне на овоштарите од овој регион кој изминативе години беше најпогоден од временските непогоди, токму земјоделците од преспанскиот регион први ги добија парите за обештетување од временските непогоди. Владата кон крајот на април, лани, исплати 85 милиони денари за обештетување на 2.355 земјоделци во Ресен, подвлекуваат од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп