Прогласување на победниците на првиот Фин хакатон

Од:

Во Министерството за финансии денеска попладне ќе бидат прогласени победниците на првиот Фин хакатон, на кој над 70 млади лица изминатите 48 часа работеа на развивање апликација што ќе ја користи ова Министерство за во иднина да го направи Буџетот на РМ подостапен и транспарентен за граѓаните.

Најдобрата апликација ќе биде наградена со 1,5 милиони денари, обезбедени преку Фондот за иновации и технолошки развој, како и можност за отворање сопствена фирма. Тие ќе треба да изработат и водеоигра и видеа со кои на поедноставен начин ќе ги доближат јавните финансии до граѓаните.

Министерсот за финансии Драган Тевдовски во петокот на отворањето на Фин хакатонот истакна дека тој е корисен и за Министерството, како прва институција што огранизира ваков тип настан, и за учесниците преку можноста да ја претстават својата работа, но и за општеството. Граѓаните, рече, ќе создадат продукт кој повторно ќе биде наменет за граѓаните, кои ќе можат на интересен и разбирлив начин да ги разберат јавните финансии.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Депотовски истакна дека хакатонот е дел од политиките на оваа Влада за вклучување на младите во промените што се случуваат во општеството, и тоа, како што рече, не само преку поддршка, туку преку нивна креација.

Фин хакатонот викендов е посветен на Буџетот на РМ. Граѓанскиот буџет добива нова форма, многу попристапна и поразбирлива за јавноста. Во апликацијата, видеото и играта ќе се прикажат приходите и расходите на државата, како тие се собираат и трошат, на начин приемчив за граѓаните.

На Фин хакатонот учествуваат 73 натпреварувачи во групи од три до шест лица – програмери, графички дизајнери, економисти и креатори на софтвер.

Во жирито, кое ќе избере најдобри предлози, покрај министерот Тевдовски, ќе бидат и претставници на академската заедница, на невладиниот сектор и експерти.

Министерството за финансии соопшти дека ќе ја користи најдобрата апликација што ќе биде избрана, но таа ќе може да биде понудена и на други земји во регионот, бидејќи вакви алатки во околните земји не се користат, иако ги има во светот.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска