Профитот на „Ексон мобил“ се зголеми за речиси 50 проценти

Од:

Најголемата американска компанија во секторот на нафта и гас „Ексон мобил“ соопшти дека во второто тримесечие остварила раст на профитот од 49 проценти на годишно ниво, првенствено благодарение на заработувачката од продажба на имот, во вредност од 7,5 милијарди долари.

Во соопштението се наведува дека во текот на трите месеци, заклучно со јуни е остварен профит од 15,9 милијарди долари или 3,41 долар по акција, во однос на 10,7 милијарди долари или 2,18 долари по акција во однос на истиот период минатата година.

Не сметајќи ја заработувачката од продадениот имот, профитот на компанијата во вториот квартал е намален за 21,5 отсто.

Истовремено приходите се зголемиле за 1,5 отсто на 127,4 милијарди долари.

Податоците исто така покажуваат дека производството меѓу април и јуни се намалило за 5,6 отсто, како и дека цената на нафтата и гасот во тој период била пониска во споредба со истиот период во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста