Проф. д-р Венера Крлиу избрана за нова ректорка на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Од:

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) доби нова ректорка. По изборите спроведени на сите академски единици на универзитетот, за ректорка е избрана проф. д-р Венера Крлиу, која ја презема оваа клучна позиција со мандат од 1 октомври 2025 година.

Со овој избор, УАКС најавува почеток на нова фаза на развој, фокусирана на квалитетно образование, зајакнување на меѓународните соработки, и унапредување на истражувачките капацитети.

Во својата прва изјава по изборот, проф. д-р Венера Крлиу изрази благодарност за довербата и посочи дека новиот мандат го гледа како заедничка можност да се продолжи со градење на вредностите по кои УАКС е препознатлив.

„Длабоко сум благодарна за довербата. Овој мандат го гледам не само како индивидуален успех, туку како заедничка шанса да продолжиме да градиме универзитет кој негува и развива отвореност, иновативност и, пред сè, луѓе,“ изјави проф. Крлиу.

Воедно, новата ректорка посочи дека УАКС во наредниот период ќе се фокусира на трите основни столба: студенти и квалитетно образование, развој на академските и истражувачките капацитети, но и на унапредување на корпоративната култура.

Ректорскиот мандат на проф. д-р Марјан Бојаџиев, кој завршува на 1 октомври 2025, ќе продолжи да се реализира до крајот на предвидениот период. Универзитетот му изразува искрена благодарност за неговото лидерство во изминатите години.

Во годината кога УАКС слави 20 години постоење, оваа транзиција е потсетник на зрелоста на институцијата, која продолжува да се развива со јасна визија. Новиот ректорски мандат симболизира континуитет во вредностите, но и свежина во пристапот – со фокус на креативност, етика и тимска култура. УАКС останува посветен на тоа да биде повеќе од образовна институција – да биде универзитет каде што луѓето се на прво место.

Би можело да ве интересира

Платформата Omni е прогласена за најдобра ПР кампања за 2025 година – чекор поблиску до целите на БАТ за изградба на „свет без чад“

Катерина Ѓуровски

Газпром предупреди: Европо, внимавај

Предраг Петровиќ

Современи навики за празнични моменти – Никотинските ќесички како помалку штетна алтернатива за пушачите

Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД

Владата додели над 33.000 ваучери , 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата