Продолжуваат преговорите за буџетот на ЕУ

Од:

Лидерите на ЕУ продолжуваат со преговорите за буџетот на Унијата за периодот 2014-2020 година, но по повеќе од 14 часа се уште нема договор во Брисел, јави ДПА.

– Ситуацијата се уште изгледа особено тешка. За првпат постои можност за реално намалување на буџетот. Досега тоа се нема случено, изјави претседателката на Литванија Далија Грибаускаите, која беше еврокомесар за буџетот од 2004 до 2009 година.

Велика Британија, Германија и други земји од Северна Европа повикуваат буџетот на ЕУ да биде намален поради строгите мерки за штедење, кои се наметнуваат во националните финансии. Земјите од Јужна и Источна Европа сепак се противат на намалувањата, бидејќи стравуваат дека нивните сиромашни региони ќе загубат значителна финансиска помош од ЕУ, додавајќи дека буџетските намалувања негативно ќе влијаат на економскиот раст.

Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд оствариле повеќе средби со лидерите од другите земји членки на Унијата во обид да најдат компромис.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина