Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка

Од:

Народната банка соопшти дека во јули продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и се сведе на ниво од 4,50 отсто.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,83 проценти.

-Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор во јули изнесува 3,61 отсто и е пониска за 0,04 процентни поени, споредено со претходниот месец. Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,06 процентни поени), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор се намали за 0,28 процентни поени, наведува Банката.

Во јули, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,04 отсто, при остварен месечен пад од 0,39 процентни поени. Падот се должи на намалувањето кај сите компоненти: намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 1,00 и 0,01 процентни поени) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,06 процентни поени). Споредено со истиот месец минатата година, оваа каматна стапка бележи пад од 0,60 процентни поени.

Овој месец, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,05 процентни поени на месечна основа и изнесува 1,11 процент. Надолната промена произлегува од намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,06 и 0,05 процентни поени), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. На годишно ниво, oваа каматна стапка е намалена за 0,18 процентни поени.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор во јули изнесува 0,42 отсто, што претставува месечен пад од 0,09 процентни поени. Притоа, падот во целост се должи на намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,62 процентни поени), при евидентиран раст на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,07 процентни поени).

Oвој месец, банките и штедилниците не примиле денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,15 процентни поени.

-Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во јули е намалена за 0,03 процентни поени во однос на претходниот месец и изнесува 5,30 отсто. Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,07 и 0,02 процентни поени), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,21 процентни поени). Во споредба со јули минатата година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари пад од 0,26 процентни поени, соопшти Народната банка.

Овој месец, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,58 отсто и бележи пад од 0,06 процентни поени на месечно ниво. Притоа, падот е одраз на намалувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и кредитите во денари со валутна клаузула (за 0,13 и 0,08 процентни поени), при остварен раст на каматните стапки на кредитите во денари без валутна клаузула (за 0,09 процентни поени). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка забележа раст од 0,10 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата во јули се намали за 0,01процентни поени на месечна основа и изнесува 0,79 отсто, што се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,04 и 0,01 процентни поени), во услови кога каматните стапки на депозитите во странска валута бележат раст (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е пониска за 0,24 процентни поени на годишна основа.

Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,57 отсто, што претставува месечен пораст од 0,04 процентни поени. Растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,05 и 0,03 процентни поени), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула. Оваа каматна стапка е намалена за 0,22 процентни поени во споредба со јули претходната година.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски