Продолжува расправата за Предлог буџетот за 2016

Од:

Собраниската комисија за финансирање и буџет втор ден расправа за Предлог буџетот на Република Македонија за 2016 година во кој вкупните расходи се проектирани на 195.788 милиони денари или за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари, односно за 6 проценти повеќе во однос на годинашниот буџет и проектиран дефицит од 3,2 отсто или за 0,4 отсто помал од сегашниот.

За пратениците од владејачките партии Предлог буџетот е развоен, реален и остварлив, додека за нивните колеги од опозицијата е изборен, социјален и мегаломански.

Владанка Авировиќ од СП смета дека Предлог буџетот за 2016 во принцип е срочен за да продолжи позитивниот тренд на економските движења во земјава, а тоа значи дека БДП треба да расте и понатаму и за наредната година да изнесува 4 отсто.

– Сите глобални потреси во финансиската сфера се проектираат и во економскиот раст на Македонија. Согледувајќи ги сите овие трендови претпазливо и рестриктивно како и во претходните буџети стоиме на ставот дека треба силно да се поддржи градежништвото и вкупната потрошувачка, но и јавната потрошувачка со помал раст, рече Авировиќ.

Таа посочи дека треба да продолжи растот на градежништвото и во текот на наредната година, како и странските инвестиции во ТИРЗ, кои, како што рече, даваат позитивни ефекти во македонската економија и придонесуваат во зголемувањето на вработувањето и намалувањето на невработеноста.

Нагласи дека очекува да се реализира и приходната и расходната страна на буџетот зашто, потенцира, е реално и предвидливо дека ќе расте вработувањето, проектите се реализираат и инфраструктурата бележи енормен раст.

Беким Фазлиу од ДПА посочи дека буџетот за наредната година е ист како и во измининатите осум години и не им нуди ништо на граѓаните.

Тој ги обвини пратениците и министрите од ДУИ дека ништо не прават за Албанците во Македонија и секогаш, како што рече, почнуваат само некои проекти кога се носи буџетот за да покажат дека нешто се работи, но никогаш не ги довршуваат.

– Бараме рамноправна поделба на буџетот и да го земеме делот кој ни припаѓа како Албанци. Од буџетот од три милијарди евра само еден процент се адресира за Албанците и се маргинализираат населените места во кои живеат. Таму нема никакви инвестиции ни за рурален развој, задравство, инфрастурктура, образвание, ни за култура, со исклучок на неколку симболични проекти, рече Фазлиу.

Реџаил Исмаили од ДУИ во реплика посочи дека излагањето на пратеникот Фазлиу повеќе е политичко отколку што има анализа за Предлог буџетот за 2016.

– Длабоки анализи траба да се спроведат за етничкиот карактер на буџетот, за кои и јас сум длабоко заинтересиран. Сепак сметам дека Предлог буџетот е прилично пропорционален. Кај блок дотациите кои ги добиваат општините на прво место е Скопје, а Тетово е на второ, Гостивар на петто, Струга на осмо. Поточно 25 отсто од дотациите добиваат општините кои се водени од албански кадри. Ако се додаде дека и во 17 други општини, кои не се раководени од албански кадри, живеат Албанци и оти и во нив се добиваат околу 31 отсто од дотациите, ситуацијата е јасна, рече Исмаили.

Слична е состојбата, нагласи, и во културата, здравството, образованието, земјоделството, руралниот развој,…

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година