Од денеска продолжува обесштетувањето на сточарите чиј добиток минатата година угина од „јазлеста кожа“.
Ова е овозможено со измените на Законот за земјоделство и рурален развој, а опфатени ќе бидат вкупно 241 сточар за што се обезбедени 15 милиони денари.
– Досега, според Законот, обесштетување можеа да добијат само сточарите на кои говедата им беа одземени или принудно усмртени поради болеста, но не и оние чии грла угинаа додека ги чекаа надлежните ветеринарни служби, рече министерот Љупчо Николовски.