Продолжува јавната дебата за реформите во јавните набавки

Од:

Втора јавна дебата за реформите во јавните набавки за кои е подготвен нацрт текст на закон ќе се одржи денеска во Струга.

На дебатата е најавено обраќање на министерот за финансии Драган Тевдовски.

На првата јавна дебата минатата недела во Скопје со учество на бизнисмени од стопанските комори надлежните институции најавија дека новиот закон ќе обезбеди заштита од корупција и контрола врз основа на која ќе се утврдува одговорност. Во соработка со Светска банка се спроведува проект за црвени знаменца кои ќе се вградат во електронскиот систем за јавни набавки и ќе бидат показатели на корупција.

Со законот се предлага подигање на прагот на јавните набавки од сегашните 500 евра на 1.000 евра во класичниот сектор и на на 2.000 евра во секторските дејности. Ќе се воведе електронски пазар на мали јавни набавки, во вид на електронски каталог, што ќе овозможи нивно брзо и ефикасно решавање. Се предлага да се воведе и претходна контрола која ќе ја врши Бирото за јавни набавки.

Во наредниот период јавна расправа за законот ќе се организира и во Штип. Законот треба да биде усвоен од Собранието до октомври годинава, а да започне да се применува од јануари догодина.

Би можело да ве интересира

Пад на вредноста на општинските тендери во 2022 година за една третина

Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда

Секоја втора фирма која учествува во тендери во земјава вели дека има корупција

Центар за граѓански комуникации: Високи ризици од корупција и судир на интереси во набавките за Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Институциите се должни да ги објавуваат јавните набавки на веб страниците

Катерина Ѓуровски

Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите