Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Од:

Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот.

За ребалансот се поднесени вкупно 222 амандмана од кои 153 од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на вчерашниот ден, кога почна амандманската расправа, прифатен беше амандманот со кој се бараат дополнители два милиони денари за Комисијата за заштита од дискриминација, поднесен од тројца пратеници од владејачкото мнозинство, но одбиен беше амандманот на опозицијата, да се предвидат 300 милиони денари за интервентен фонд за земјоделство. Одбиени беа и два амандмана од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на угостителите и естрадните уметници.

Денеска е седми ден од десетте планирани за расправа во Комисијата за финансирање за ребалансот на Буџетот за 2021. Дебатата за амандманите ќе заврши десетиот ден, независно колку амандмани се поминати на Комисијата. Извештајот за работата на Комисијата и ребалансот се враќа назад во Владата која во рок од три дена треба да го врати со вградените прифатени амандмани до Собранието, по што се одржува пленарна седница, која може да трае најмногу пет дена. Се очекува ребалансот на Буџетот да биде донесен пред крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати