Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2020

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе продолжи расправата за амандамните на Предлог-буџетот за следната година, а седница ќе одржи и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и на правата на граѓанинот.

Ова е петто продолжение на седницата, која треба да заврши до крајот на неделава. Буџетот за следната година, според најавите на првиот парламентарец Талат Џафери би требало да биде на пленарна седница на 16 декември.

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и на правата на граѓанинот треба да ја продолжи расправата по претставката од Ѓорѓи Илиевски, вработен во Државниот просветен инспекторат – Виш просветен инспектор за наодите за вршење притисок, мобинг на работно место после констатираните незаконски унапредувања на јавни функционери во наставно – научни звања на Универзитетот во Тетово.

Би можело да ве интересира

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски