Продолжен рокот за продажба на „Еурокомпозит“

Од:

Владата го продолжи рокот на јавниот повик за продажба на акциите на Република Македонија во друштвото „11 Октомври- Еурокомпозит“ АД Прилеп.

Согласно заклучокот на Владата на Република Македонија, донесен на вчерашната седница, крајниот рок за подигање на тендерската документација по овој јавен повик ќе биде до 3 јуни 2013 година, а крајниот датум за доставување понуди ќе биде на 6 јуни 2013 година до 13 часот, а отворањето на понудите ќе биде на 6 јуни 2013 во 14 часот.

Јавниот повик за прибирање понуди за продажба на акции на Република Македонија во „11 Октомври -Еурокомпозит“ АД Прилеп беше објавен на 15 декември 2012 година, а крајниот рок за доставување понуди беше 18 април 2013 година.

Би можело да ве интересира

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски