Македонија на годинашниот саем за традиционална храна „Салон дел густо” во Торино се претстави со рекордни 22 проиозводи за што доби и признание од организаторите. Производите беа дел од т.н. Арка на вкусови, посебен изложбен дел на саемот во вид на арката на Ное, заедно со сите останати автохтони производи од целиот свет.
– Се претставивме со циронки од Преспа, планински чај од Галичица, автохтона сорта на калинки од Валандово, кцана и афионова сол, симит погача од Скопје, охридски геврек, леб од наут (наутлија9, јуфки, тарана, маџун, оцет од киселици (зелени јаболка), мед од македонската автохтона пчела кои беа дел од Арката на вкусови, како и со буковска пипер, рчели слатко од тиква, собра гравче, колешински кикиритки, гроздов сок, чили малиуџано, слатко од диви смокви, кои беа поставени на нашиот штанд, изјави Емилија Неделковска, проект координатор на Слоу фуд Битола.
Благодарницата, нагласи Неделковска, е охрабрување за уште поголема заложба во поддршката, заштитата и зачувувањето на нашите традиционални производи, во откривањето различни вкусови кои се дел од богатата македонска традиција.
Арката на вкусови која и годинава овозможи светот да се запознае со што се располагаме, е основана во 2001 година, но во 2012-та се интензивира преку локалните 1.500 ограноци на Слоу фуд. Претставува вид црвена листа на поризводи кои се пред исчезнување и алрм за институциите на национално, европско и светско ниво да посветат повеќе внимание.
Во светот досега се мапирани 10.000 автохтони производи од кои во Македонија 55.
Саемот “Салон дел густо” изминативе денови понуди производи од преку 140 земји меѓу кои и т.н. јаболко банани (банани со арома и вкус на јаболко) од Уганда, какао од Брегот на слоновата коска, кафе од Мали, чај од Јапонија стар преку 1.000 години, житарки од Перу, мед од Јемен,…