Приоритет на ММФ останува да му помогне на грчкиот народ

Од:

Приоритет на Меѓународниот монетарен фонд останува да му помогне на грчкиот народ во текот на овој тежок период на економска криза, соопшти Фондот на својата Интернет страница.

Според ММФ, најдобар пристап е преку „балансиран пристап изложен во неодамнешниот блог на главниот економист на ММФ, односно Грција да преземе чекори за реформирање на економијата, а европските партнери на земјата да обезбедат дополнителни финансиски средства и отпишување на долгот“.

Фондот, исто така, истакна дека од искуство знае дека економските промени се тешки и за нив е потребно време.

ММФ потсети дека непосреден ефект од неплаќањето на Грција е тоа што земјата не може повеќе да добие средства од ММФ во рамките на постоечкиот продолжен аранжман и Фондот нема да прифати ново финансирање на земјата се додека таа не ги подмири своите долгови.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он