Властите воведуваат нови мерки со цел вработените во главниот град на Јужна Кореја, Сеул да ги принудат на време да заминат од работното место.
Новата иницијатива има за цел да се спротистави на „културата на прекувремена работа“.
Јужна Кореја е меѓу земјата која има најмногу работни часови во светот. Државните службеници во просек работат 2.739 часови годишно што е околу илјадапати повеќе во споредба со вработените во другите развиени земји.
Иницијативата на јужнокорејската Влада како што е предивдено ќе се спроведе во три фази во текот на следните три месеци.
Програмата почнува утре, кога сите компјутери присилно ќе бидат изгасени во 20 часот.
Втората фаза ќе почне во април, кога компјутерите на вработените ќе се гасат во 19 часот и 30 минути, вториот и четвртиот петок во месецот.
Од мај програмата ќе биде применета во целост, при што компјутерите ќе се исклучуваат во 19 секој петок.
Поголемиот број вработени во јавните институции – 67,1, отсто побарале да бидат иземени од присилното исклучуање на компјутерите.
Јужнокорејскиот Парламент во текот на месецот усвои Закон за намалување на максималниот број неделни работни часови од 68 на 52.