Прилепскиот бел мермер и натаму најбаран на светот

Од:

Прилепската компанија со странски капитал „Мермерскиот кобинат“ годинава ќе ја заврши со експлоатација на 30.000 метри кубни мермер и производство на близу 70.000 метри квадратни мермерни плочи за светските пазари каде прилепскиот бел мермер се уште е најквалитетен и најмногу баран. Сега се испорачува мермер за катар за Олиписките игри, констатира директорот на „Мермерскиот кобинат“ Периклес Николау при денешната средба со локалните власти на Прилеп.

Според Николау, главниот приоритет е заштитата на вработените на работните места и во рудникот „Сивец“ и во фабриката за мермерни плочи.

– Во „Мермерскиот комбинат“ се 380 вработени. Прв приоритет е безбедноста на вработените кои имаат плати за 20 насто повисоки од просечната плата во Македонија. Годишно инвестираме три до четири милиона евра за нови машини и за обука на вработените. Нашата цел е континуираниоот раст на компанијата и во производството. Имаме синергија со компанијата „Павлидис“, светски позната во бизнисот со мермер. Битен фактор за развој е одличната соработка со општината. Годинава ќе имаме експлоатација на мермер од 30.000 метри кубни од рудникот „Сивец“ и ќе произведеме околу 60 до 70.000 метри квадратни мермерни плочи за пласман, главно, во Катар, САД, Шпанија, во Грција и во Кина и насекаде во светот зашто прилепскиот бел мермер е најпознат и најбаран на светскиот пазар, изјави Николау.

Резервите на мермер во рудникот „Сивец“ се за преку 100 години, а компанијата котира на Атинската берза со околу 10 насто од акциите на „Мармерскиот комбинат“.

Според прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски посетата на една од најуспешните компании е дел од работните средби на локалната влас со прилепските компании. Има одлична соработка, а Комбинатот е општествено одговорна компанија која и помага на прилепската и македонската заедница.

– Мермерскиот комбинат е домашна компанија со странска инвестиција. Белиот прилепски мермер останува како бренд кој се бара во целиот свет. Компанијата ќе продолжи високопрофитабилно да работи со што Прилеп се гордее. Општината ќе ја поддржува компанијата како и соработката со неа. Успешното работење на „Мермерскиот комбинат“ е во интерес на граѓаните на Прилеп и за развојот на прилепското стопанство, рече Јованоски.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски