Прилеп: Зголемен интересот за парцели за индивидуални куќи во „Градина“

Од:

За неколку месеци се купени 18, парцели, а овој месец на продажба се огласени уште пет, во новата населба „Градина“ во Прилеп.

Почетната цена на 5-те огласени парцели од по 300 метри квадратни, е едно евро од метар квадратен, а единствен услов е да се користи енергетска ефикасност и термо фасади.

Новата, по европски стандарди населба „Градина“ е проектирана на 62 хектари со вкупно 400 парцели од кои преку 300 се за индивидуални куќи.

– За најмногу 35.000 евра со купената парцела, платени комуналии и комплетна изградба може да се добие голем и убав дом. Погодно е за младите брачни двојки и ефективно за владиниот проект: купи куќа купи стан. Локалната самоуправа годинава има во буџетот одвоено пари за комплетната инфраструктура во населбата со нови училишта, трговски центри, зелени површини, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Идната современа прилепска населба „Градина“ е проектирана за околу 10.000 жители.

Би можело да ве интересира

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски