Приходите на Твитер во 2020 година се зголемија за седум проценти

Од:

Приходите на социјалната мрежа Твитер во 2020 година се зголемија за седум проценти во споредба со претходната година, достигнувајќи 3,72 милијарди долари.

Твитер го објави својот биланс на состојба за четвртиот квартал на 2020 година.

Според овие податоци, приходите на компанијата во последниот квартал од минатата година се зголемени за 28 проценти во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 1,29 милијарди долари, пренесе Анадолија.

Компанијата оствари приходи од една милијарда долари во четвртиот квартал на 2019 година, додека приходите за целата 2019 година изнесуваат 3,45 милијарди долари.

Профитот на компанијата во последниот квартал од 2020 година се зголеми за 87 проценти во споредба со истиот период минатата година и достигна 222 милиони долари.

Добивката на Твитер во последниот квартал на 2019 година беше 118,7 милиони долари.

Твитер забележа загуба од 1,14 милијарди долари на ниво на целата 2020 година, а компанијата оствари профит од 1,47 милијарди долари во 2019 година.

Од друга страна, бројот на дневни активни корисници на Твитер во четвртиот квартал од минатата година се зголеми за 27 проценти во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 192 милиони.

Би можело да ве интересира

Маск ги укина бесплатните оброци за работниците на Твитер

Ана Ололовска

Твитер го ограничи потенцијалниот удел на Маск на 15 отсто

Ана Ололовска

Твитер на вработените ќе им овозможи постојано да работат од дома

Ана Ололовска

Реакции на Твитер: И лавот исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Анализа: Фејсбук користат 23 министри во Владата, 14 се активни на Твитер и Инстраграм

Ана Ололовска

Хоџа му го рента Танушевци на Заев за 36 000 месечно: Твитер коментари за новиот советник во Владата

Ана Ололовска