Приходите на „Боинг“ намалени за 35 отсто

Од:

Приходите на „Боинг“ во второто тримесечие од 2019 година се 15,75 милијарди американски долари, што е за 35 отсто помалку од истиот период минатата година.

Во второто тримесечие производителот на авиони имаше приходи од 24,8 милијарди долари.

– Тоа е посебен момент за „Боинг“, објави шефот на компанијата Денис Мјуленберг.

Тој додаде дека компанијата останува фокусирана на безбедно обновување на експлоатацијата на патничките авиони модел 737 Макс по нивното приземјување во светот.

„Боинг“ загубил 3,4 милијарди долари како резултат на приземјувањето на авионите од типот 737 Макс.

Компанијата соопшти за нарачки за 474 милијарди долари во стоки и услуги вклучително повеќе од 5.500 патнички авиони. Откако имаше профит од 3,33 долари по акција во втората половина од 2018 година, „Боинг“ регистрира загуби од 5,82 долара по акција во второто тримесечие од оваа година. Во истиот период нето загубите се околу три милијари долари.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски