Прифатени амандмани на ребалансот на Буџетот за проекти за локална инфраструктура

Од:

Амандмани со кои ќе се алоцираат средства за два проекта од локална инфраструктура, беа прифатени од Министерството за финансии на вчерашната комисиска расправа за ребалансот во Собранието, на која присуствуваше заменик-министерката за финансии Ширет Елези.

Станува збор за два амандмана, едниот предложен од пратеници од владејачкото мнозинство, а другиот од пратеници од опозицијата, во вкупна вредност од околу 40 милиони денари со намена изградба на локален пат и рехабилитација на локална водоводна мрежа.

Заменик-министерката за финансии Елези,како што информираат од Министерството за финансии, истакна дека носењето на буџетот или пак ребалансот е демократски процес и оти преку конструктивен дијалог ќе се донесат најдобри решенија за граѓаните.

-Со ребалансот на Буџетот се алоцираат средства за проекти што се во интерес и на граѓаните и на стопанството, како мерката за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за активните мерки за вработување, дополнителни средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, за земјоделието и за други проекти, наведуваат од Министерството за финансии.

Амандманска расправа за ребалансот е во тек на собраниската Комисија за финансирање и буџет и продолжува и денеска. На предложениот ребаланс се поднесени 391 амандман.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска